ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Еко Дом > ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

– Фирма Управител Ви е потребно поради тоа што:

– Повеќе нема да Ѕвоните на врата кај Вашиот и сосед и да го замолите со цел  да ја плати неговата месечна фактура за одржувањето на станбената зграда, –

– нема да биде потребно Вие како редовен подмирувач на своите обврски да мора да плаќате и за соседите кои со години не ги подмируваат сметките за влезот, –

– Станбениот објект ќе располага со парични средства во резервен фонд , кои можат да се употребат само со Ваша претходна согласност, –

– Застапување пред трети лица и државни органи ќе биде организирано од страна на Управителот,

-Редовно ќе биде чист влезот во станбениот објект, а воедно сите тековни проблеми (течење на кров, запушена канализација, дезинсекција на станбениот објект, и многу други работи) ќе бидат организирани и решавани од страна на Управителот, со претходно пријавување на нашиот телефонски број.

– Сопствениците на посебни делови се одговорни за плаќање на сите трошоци за управување кои потекнуваат од станбената зграда во согласност со своите сопственички делови, ако поинаку не е одредено.

Секој станар е должен редовно да ги подмирува сметките кон управителот, а доколку повеќе од 3 месеци не се наоѓа во својот стан, должен е да ополномошти лице кое ќе ги подмирува месечните фактури. Доколку некој станар сака да биде ослободен од тековните трошоци во влезот должен е да достави до Управителот, Согласност од 51% од станарите во влезот со која согласност ќе го ослободат од трошоците со нивно превземање!

– Согласно Законот за домување иако живеете на приземје должни сте да плаќате како за редовен месечен сервис на лифт, така и за евентуални поправки на лифтот, доколку мнозинство од станарите поинаку не определат. Исто така трошоците за заедничките простории ги сносат сите станари, а воедно и сите бенефити кои произлегуваат од нив!

ВАШ ЕКО ДОМ УПРАВИТЕЛ на три месеци доставува Опомена пред тужба до секој станар кој што го нема подмирено долгот кон Управителот за периодот во кој се изготвуваат опомените. Рокот за плаќање по Опомена е 8 (осум) дена. По истекување на рокот предметот се доставува на НОТАР за изготвување на Предлог за донесување на Решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа. Доколку и на овој начин не биде подмирен заостанатиот долг, предметот се дава на присилна наплата на Извршител.

– Согласно Законот за домување сопствениците на посебните делови задолжително формираат резервен фонд за станбената зграда!

Паричните средства од резервниот фонд можат да се користат исклучиво со писмена согласност од мнозинство на станари. Средствата од резервниот фонд можат да се искористат и без дополнитлена согласност само доколку се работи за итна и неодложна работа, односно работа која што не трпи одлагање, и самото одлагање ја загрозува безбедноста на станарите во станбениот објект. Во моментот на склучување на Договорот за управувачки услуги, мнозинство од станарите можат да донесат генерална согласност за користење на средствата од резервниот фонд и за евентуални тековни поправки кои би произлегле во времето на управување со станбениот објект.

– Договорот за управувачки услуги се склучува за период од 1 година. Доколку сопствениците на посебни делови писмено не го известат Управителот најкратко 3 (три) месеци пред истекот на неговото важење, Договорот се смета за продолжен за период од уште една година. Договорот може да се раскине и пред истекот на периодот од 2 (две) години, со отказен рок од 2 (два) месеци, без никави дополнителни трошоци и пенали за предвременото раскинување!

– Работата на фирмите Управители е регулирана со Законот за домување, а за се што не е превидено во тој закон, важат останатите законски прописи! (Закон за облигациони односи, Закон за сопственост и други стварни права и сл.)

ВАШ ЕКО ДОМ УПРАВИТЕЛ ја превзема целата постапка за бришење на Заедницата на сопственици на посебни делови.  Нашата услуга за бришење на заедницата е бесплатна. Едниствено што треба да се плати се материјалните трошоци и тоа: 100,00 денари во УЈП за Издавање на Уверение за платени даноци, и 1.302,00 денари во Централен Регистар на Република Македонија за издавање на Решението за ликвидација.

ВАШ ЕКО ДОМ УПРАВИТЕЛ ја поседува целата документација потребна за бришење на заедницата. Ваша обврска е да донесете Тековна состојба на Заедницата и печати од Заедницата.

– За да може да склучите Договор за управувачки услуги со ВАШ ЕКО ДОМ УПРАВИТЕЛ, потребно е да донесете писмена согласност од мнозинство на станари 51% од станбениот објект. Потоа потребно е да изберете лице Овластен претставник на влезот, односо лице за контакт со Управителот, и двајца или повеќе членови на надзорен одбор во зависнот од бројот на станари. Целокупната документација можете да ја добиете на меил доколку истата биде побарана од наша страна за склучување на Договор за управуавчки услуги.

– Одлуките за заедничките простории станарите можат да ги донесат со претходно одржување на собир на сопственици, на кој Собир потребно е да има мнозинство на станари, како би можело одлуката да биде спроведена од страна на Управителот. Доколку станарите одлучат заедничката просторија да да ја дадат под закуп на одредено физичко или правно лице, за истото потребно е согласност од 51% од станарите. За продажба на заедничка просторија пак потребно е 100 % согласност.