За Нас

Еко Дом > За Нас

Друштво за производство, трговија, услуги и управување Ваш Еко-Дом Управител ДОО Скопје, е лиценцирана фирма за управување и одржување со станбено деловни и деловно-станбени објекти, основана во Февруари 2011 година, со седиште во Скопје.

 

Растот на нашата компанија е доказ за долгорочната посветеност кон клиентите и нивните барања. Искуството акомулирано од различните предизвици со кои се соочила компанијата низ нејзиниот развој, е преточено во брзината и квалитетот при давањето на нашите услуги. Стратешка определба на фирмата е континуиран развој и унапредување, како и исполнување на барањата на нашите клиенти. Постојаниот развој и инвестиции во стручниот кадар, вработените, како и надворешните соработници, овозможуваат комплетна подготвеност во сите фази на давањето на услугите од нашата област.

 

Благодарение на современиот начин на работа и организација, воведување на нови идеи и прилагодување на побаруваните услуги на пазарот, нашата фирма нуди: административно управување и тековно одржување (хаусмајстор и хигиена).

Accounting

Административно управување 

Преку услугата Административно управување, клиентите уживаат професионална и навремена услуга во поглед на економските и сметководствените прашања /проблеми од нивните објекти. Опсегот на услугата вклучува:

  • Доставување на месечни фактури до сопствениците на посебни делови, со реална пресметка на тековните трошоци кои произлегуваат од секојдневното работење во објектот.
  • Евиденција за наплата преку современ компјутерски систем
  • Редовно подмирување на тековните трошоци во влезот кон трети лица ( струја, лифт, хигиена и слично)
  • Изготвување и спроведување на годишен финансиски и работен план за станбениот објект
  • Управување со резервниот фонд на станбениот објект, и финансиски проекции за висината на резервниот фонд по потреба.
law

Правна заштита и совети 

Правните услуги кои Ваш Еко Дом Управител ги нуди на своите клиенти, се спроведуваат од искусен и посветен правен тим, кој е секогаш спремен да одговори на потребите на клиентите во соглсасно со законите и правните акти во функција. Услугата предвидува:

  • Изготвување на Договор за вршење управувачки услуги
  • Писмена коренсподенција до државните органи и органите на локалната самоуправа
  • Давање на правни совети од страна на управителот за целите и потребите на станбените објекти притоа штитејќи ги правата на мнозинството на сопственици на посебни делови.
  • Покренување на постапка пред надлежен Нотар против станари кои нередовно ги подмируваат обврските кон управителот и објектот.
cleaning

Одржување и хигиена 

Хигиената во Вашите објекти ни претставува еден од најважните приоритети при тековното одржување на влезовите, затоа секогаш  испорачуваме професионална грижа со соодветни хигиенски средства и препарати. Услугата опфаќа:

  • Два пати неделно чистење на заеднички простории согласно договорот за управувачки услуги
  • Одржување на хигиената во лифтот, бришење на гелендери, прозори и влезна врата во влезот и одржување на сите контактни површини.
  • Нудиме машинско чистење на заеднички простории во договор со сопствениците на посебни делови.
  • Можност за генерално чистење на објектот неколку пати годишно, во согласност со потребите.
hausmajstor

Хаус мајстор 

Ваш Еко Дом Управител во целост се грижи зa станбениот објект и редовното вршење на сите поправки од помал обем (менување сијалици, степенични автомати, мали електрични приклучоци и слично) со цел беспрекорно функционирање на сите делови од објектот.

  • Користиме материјали од познати добавувачи со врвен квалитет на производи.
  • Работната рака на нашите хаусмајстори не се наплаќа доколку ја изберете таа услуга од пакетот услуги.
  • За интервенциите од поголем обем (поправка на кров, молерисување, поставување на влезни врати, проблеми со водоводни мрежи и слично) обезбедуваме понуди од фирми или мајстори со долгогодишно искуство, со кои соработуваме и за кои гарантираме.

Дополнителни услуги

 

Машинско чистење на индустриски подови

Поседуваме специјализирана машина, која чисти различен вид на индустриски подови. Цената на оваа услуга се утврдува според големината на просторот, фрекфенцијата на извршување на услугата и видот на подот. Моѓе да се одбере како редовна месечна услуга или по потреба.

 

Чистење на подрумски простории

Чистење на подрумски простории и изфрлање на секаков вид на кабаст и ситен отпад со организиран превоз, цената на услугата зависи од количината на отпад која треба да се исфрли.

 

Уредување на парк пред објект

Грижа за паркови и зеленило пред објектот, садење на садници, трева и/или кастрење и отстранување на плевел. Цената на услугата варира во зависност од типот на услуга која се бара.

 

Дезинсекција,дезинфекција и дератизација на станови/заеднички простории

Цената на услугата изнесува 1500,00 ден плус ПДД , за заеднички простории и 300,00 ден по стан