1. Со користење на сервисот на плаќање на Еко Дом, се признаваат условите за користење во својата сегашната верзија. Мој Дом го задржува правото во секое време да ги измени овие услови.
2. Еко Дом ќе настојува сервисот да биде достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Неизбежните прекини, особено оние што се однесуваат на сервисирање и одржување, доколку е можно, ќе бидат објавени на веб страната. За недостапноста на сервисот, Еко Дом не прифаќа никаква одговорност. Не постои законско право на користење или одржување на сервисот. Еко Дом го задржува правото во секое време да промени, ограничи или укине одделни функции на сервисот.
3. За да се користи услугата „Плаќање“, корисникот е должен да се регистрира со вистинити и точни податоци. Корисникот се обврзува да се регистрира со податоци за станбен објект кои се во негова сопственост, или за оние за кои е овластен примач на фактура. Корисникот ја користи услугата на сопствена одговорност. Еко Дом не презема одговорност за можните штети кои корисникот на услугата евентуално би ги претрпел за време на користењето на услугата или поради недостапност на услугата во одредени периоди.
4. За регистрирање за користење на услугата „Плаќање“ корисникот ги споделува следниве податоци:
o Име и презиме на корисник
o Број на фактура
o валидна е-пошта
Податоците за Име и презиме и број на фактура може да се најдат на фактурите од Еко Дом.
5. Услугата „Плаќање“ е отворена за секој корисник на Еко Дом. Еко Дом го задржува правото без претходна најава и известување да го ограничи или да го укине пристапот до услугата на одреден корисник, доколку тој ја користи услугата на недозволен начин или со невистинити податоци. Ова важи особено доколку:
o постои основано сомневање дека корисничките податоци за плаќање се невистинити,
o постои основано сомневање дека онлајн услугите се користат за да се изврши измама,
o постои основано сомневање дека трети лица добиле.
Доколку корисникот се посомнева во неавторизирано користење на неговото корисничко име, тој е должен веднаш да го извести Еко Дом за евентуално неовластено користење на услуги преку неговото корисничко име.
6. Користењето на сервисот „Плаќање“ е бесплатно. Провизијата за плаќање на фактурите е на товар на Еко Дом.
7. Во случај на потреба од поврат на средства, корисникот е должен да пополни барање, достапно на веб сајтот на Еко Дом како и во приемните канцеларии на Еко Дом, и истото да го достави Еко Дом.
8. Авторските права за сите документи (текстови, слики итн.), употребени при изработката на web страницата и припаѓаат на компанијата, освен ако не е поинаку наведено. Преку користењето на web страницата корисникот или трети лица не се здобиваат со авторско право, лиценци или слични права. Документите понудени на web страницата и нивната содржина не смеат да се менуваат, умножуваат, дополнуваат или на некој друг начин да се употребат без претходна добиена писмена дозвола од компанијата.