Друштво за производство, трговија, услуги и управување Ваш Еко-Дом Управител ДОО Скопје, е лиценцирана фирма за управување и одржување со станбено деловни и деловно-станбени објекти, основана во Февруари 2011 година, со седиште во Скопје.
Растот на нашата компанија е доказ за долгорочната посветеност кон клиентите и нивните барања. Искуството акомулирано од различните предизвици со кои се соочила компанијата низ нејзиниот развој, е преточено во брзината и квалитетот при давањето на нашите услуги. Стратешка определба на фирмата е континуиран развој и унапредување, како и исполнување на барањата на нашите клиенти. Постојаниот развој и инвестиции во стручниот кадар, вработените, како и надворешните соработници, овозможуваат комплетна подготвеност во сите фази на давањето на услугите од нашата област.
Благодарение на современиот начин на работа и организација, воведување на нови идеи и прилагодување на побаруваните услуги на пазарот, нашата фирма нуди: административно управување и тековно одржување (хаусмајстор и хигиена).